Спасете живот - вдометеТОП ТРИ ЗОШТО ДА ВДОМИТЕ
1 .Ќе спасите нечиј живот Секоја година во Македонија умираат голем број напуштени животни некои поради суровите услови за живот на улица, други поради малтретирање и злоупотреба од страна на луѓето, а повекето со евтаназија . 2. Ќе ги избегнете препродавачите и несовесните одгледувачници Во нашава земја постои проблем коге е во прашање контрола на одгледувачниците.Како резултат на ова имаме одгледувачници кои репродуцираат кучиња и мачиња без никаков сертификат или здравствено уверение.Од такви одгледувачници за вашите пари добивате болен миленик, не вакциниран и не социјализиран. 3. Ќе заштедите пари Вдомувањето е бесплатно животните кои се даваат на овој начин се веќе прегледани од ветеринар прочистени и вакцинирани. Зошто домашен миленик..Моето име е БездомникИмам 2 години слаб сум и гладен. Овде сум веке два дена и повекето од луѓето ме одминуваат поради моето име. Знам дека ми е време да одам на небото и јас го прифакам тоа. Јас ке заминам достоинствено , но сепак дел од мене потајно се надева дека некој конечно ке застане пред мојот кафез дека ке има кому радосно да мафтам со опашката и дека ке ме одведе во неговиот дом.
Слушам во соседните кафези разговараат дека хаските,ротфајлерите и пудлиците имале нешто што се вика дом топла храна и топол кревет..... Отсекогаш сум сакал да се викам Хаска . И јас би сакал да имам дом да осетам топла прегратка да имам секој ден свежа коска да имам некој кој ке се грижи за мене па тогаш и би можел да умрам знаејки дека барем за момент сум бил сакан. Ако некој бар ми даде шанса ветувам ке бидам најдоброто куче, и јас знам да сакам и да бидам благодарен. Моите другари овде полака исчезнуваат треба да дојдат нови нема место за сите. Утре ми е последен ден . Осекам дека има некој кој што би ме сакал и јас искрено се надеван дека ке дојде на време по мене , зошто моето време истекува а јас сум уплашен...... Побрзај те чекам Кафез бр. 45 ...... кучето кое сакаше да биде хаска ..Како да им помогнете на уличните кучиња преку зиматаНаправете едноставна куќичка за уличните кучињата која ќе им помогне да ги преживеат студените денови!
Земете картонска амбалажа од бела техника која е изработена од дебел пресуван картон. Оставете го најлонот со која е обложена однадвор а одвнатре исто така обложете ја со најлон. Исечете го поклопецот за да има кучето влез и исечениот дел исто така обложете го со водонепропусен материјал. На подот ставете некоја простирка и ставете внатре храна за кучиња. Куќичката поставете ја блиску до местата каде што најчесто гледате кучиња скитници, но внимавајте да биде колку толку заштитена од ветар и врнежи. Набрзо ќе се всели благодарен жител на кого можеби ќе му го спасите животот. Искористете го времето до следниот ладен бран да направите барем една куќичка. Замолете ги продавачите од големите маркети кои имаат вакви амбалажи да ви дадат некоја и зафатете се со благодарна работа. Бараат дом..
|
При вдомувањеПред вдомување на домашен миленик морате да знаете дека со вдомувањето на домашниот миленик превземате одговорност и обврски кон тоа животно ,а не само задоволство. Одговорност е дека правилно ќе се грижите и хумано ќе постапувате со миленикот се до неговата биолошка смрт. Обврските се состојат во исхрана, лечење и хигиена како и обезбедување на адекватни животни услови што се потребни за тој вид на домашен миленик. Секако, задоволството е љубовта кон тоа домашно милениче. Љубовта према миленичето треба да се подразбира затоа што во спротивно не би требало воопшто да вдомуваме било какво домашно милениче.
Пред вдомување на миленикот треба да сте сигурни дека сите членови на вашето семејство сакаат миленик во домот и изборот треба да им се допаѓа на сите. Овој текст не е стручен, само помага во популаризацијата на чувањето домашни миленици за истите да не завршат на улица поради неиформираност за обврските Напомена - вдомител неможе да биде малолетно лице без присуство и одобрение на родителите. Човековиот најдобар пријател,кучето.
Велат никогаш нма да ве остави на цедило, ќе се радува на нашето присуство, ќе се радува на нашата внатрешна убавина, нема да ни суди.Вашата личност е неговиот водач, вашите зборови – неговата книга, неговите дела – вашата награда ....Помогнете им на уличните животни полесно да ја преживеат зимата |
|