Вакцинација
Кај кучињата:Прва вакцина на 6 недели со ревакцина на секои 3 - 4 недели така да последната ревакцина да биде во период од 16 - 20 недели старост.
Ако од било која причина кутрето не е вакцинирано, а постаро е од 13 недели, се спроведува двократна вакцинација – вакцина и ревакцина за 3 недели.
Од првата вакцина и секоја ревакцина, младите кутриња не смеат 14 дена да се бањаат, да се изнесуваат надвор и да бидат во контакт со други животни. Ова не важи за редовната годишна вакцинација.
Од последната ревакцина задолжителна е вакцинација еднаш годишно во текот на целиотживотен век на кучето.
Кај мачките:Првата вакцина е на 9 – 12 недели старост со ревакцина за 3 – 4 недели.
Ако мачето е постаро од 12 недели се спроведува двократна вакцинација – вакцина со ревакцина за 3 – 4 недели.
Од ревакцината, младите мачиња 7 дена не смеат да се бањаат, да се изнесуваат надвор и да бидат во контакт со други животни.
Од последната ревакцина задолжителна е вакцинација еднаш годишно во текот на целиот животен век на мачката.
БеснилоВакцината против беснило се аплицира 4 недели по последната ревакцина на редовната вакцинација наведена погоре, и кај кучињата и кај мачките. Првата вакцина против беснило се спроведува еднократно (без ревакцина).
Задолжителна е вакцинација еднаш годишно во текот на целиот животен век на животното.

ЗАШТИТА ОД ПАРАЗТИ
Постојат внатрешни и надворешни празити.
Внатршните паразити се наоѓаат во цревата на животното. Тие му наштетуваат со тоа што ги користат хранливите материи од храната што тоа ја внесува. Покрај тоа, ја оштетуваат слузницата на цревата доведувајќи до појава на инфекција и проливи со последично лоша ресорпција на храната.
Некои од паразитите можат да се пренесат од животните на човекот. Тука спаѓа Ехинококозата, која може да предизвика сериозни нарушувања на здравјето на луѓето, па дури може да биде во некои случаи и смртоносна.
Милениците се заштитуваат од овој вид паразити со редовно давање антипаразитски таблетки на секои 3 месеци.
Во надворешни паразити спаѓаат крлежите и вошките (болви). Тие се наоѓаат на кожата на животното и му наштетуваат со тоа што се хранат со неговата крв, но можат да пренесуваат и некои заразни болести. Најчеста болест која ја пренесуваат крлежите е пироплазмозата. Овде станува збор за крвен паразит кој ги уништува црвените крвни зрнца и последично доведува до крвомочање, зголемување на телесната температура и летаргија кај животното. Оваа болест не е зооноза.
Самото цицање на крвта кај некои животни може да доведе до алергиска реакција со последични промени по кожата.
За заштита од овој вид паразити се користат ампули Frontline® кои се аплицираат на кожата на вратот на животните (кучиња и мачки). Заштитата трае 90 дена за вошки (болви) и 45 дена за крлежи.

НАСМЕВКАТА НА ВАШИОТ МИЛЕНИК
Иако мирисот од устата на нашeтo куче или мачка можеби не е најдобар во светот, важно е нивните усти секогаш да се чисти. Еден од првите знаци на расипани заби или болест е непријатна миризба од устата, а неверојатно е колку многу сопственици тоа го припишуваат само на видот на храната која миленичето ја користи. Всушност, неодамнешното испитување спроведено од страна на агенцијата Галуп покажа дека 65% од сопствениците ја гледаат насмевката на своите миленици и сфаќаат колку е важна правилната нега на забите на своите животни - тие сепак не успеваат да одвојат време и да ги исчеткаат забите на нивните домашни миленичиња. Всушност , еден од пет сопственици на милениче не му ги чисти забите на својот миленик, иако знае дека занемарувањето на негата на усната празнина може да биде кобно за неговиот миленик.